ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Ајде да договориме датум за избори

Од:

„И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори. Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план.

Во енергетиката имаме скап гас, скапи горива, затоа што власта не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, поскапа струја и недостаток на домашно производство кое се компензира со екстра скап увоз.

Во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг.

Ковачевски да не го слуша Заев, кој има интерес да помине подолг период од неговото заминување во надеж дека ќе се заборави на неговиот криминал, и да прифати предвремени парламентарни избори.

Од датумот договарање до датумот на одржување, ВМРО-ДПМНЕ нуди и 4 тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.

Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет