Убиен уште еден Албанец од Македонија во Сирија

Од:

Се зголемува бројот на убиени Албанци од Македонија, кои во Сирија се борат против режимот на Башар ал-Асад.

Според информациите на Алмакос, убиениот е Ниметулах Имери, роден 1975. година, жител на скопското село Грчец.

Тој е третиот Албанец од Македонија, кој е убиен во Сирија.

Пред една недела беше убиен Сами Абдулаху. Тој учествувал во конфликтот во 2001. година во Матејче, како и во војната во Косово и во Босна и Херцеговина.

Во мај годинава во Сирија загина 28-годишниот Расим Зеќири од гостиварското село Беловишта.

 

Би можело да ве интересира

Ал-Шара: Сирија ќе се држи подалеку од конфликтот со Иран освен ако не биде нападната

Ердоган ги нарече Курдите браќа

Американците започнаа силен напад врз ИСИС во Сирија

(ВИДЕО) Крвава драма во Алепо – девет мртви, десетици ранети во брутално гранатирање

А1он

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Хомс, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски

Еден од водачите на Исламска држава е уапсен во предградието на Дамаск