Метеорскиот дожд, кој може да се види секоја година на крајот на јули и во првата половина на август, својот врв ќе го има вечерва.
Набљудувачите на небото ќе можат да видат десетина „ѕвезди што паѓаат“ во еден час, а тие кои ќе имаат најдобри услови и до сто.
Персеидите се најпознати и еден од најмасовните метеорски роеви, а името го добиле по соѕвездието Персеј, поради тоа што изгледаат како да излегуваат од него.
Метеорскиот дожд Персеиди се појавува во периодот кога Земјата проаѓа низ орбитата на Свифт-Татловата комета.