ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и СДСМ да ја прифатат подадената рака

Од:

„Нервозата кај Ковачевски и СДСМ е очигледна. Тие се очајни и фрустрирани затоа што гледаат дека над 75% од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока, што е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните.

СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела