Лон Сноуден, таткото на поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, доби руска виза и тој ќе го посети синот во Москва.
Се уште не е познато кога Лон Сноуден ќе отпатува за Москва да го посети поранешниот службеник на американската Национална безбедносна агенција, кој доби азил во Русија.
Едвард Сноуден пред судот во Вирџинија е обвинет за шпионажа бидејќи објави податоци за „Призма“, американска програма за следење на електронските комуникации.