Министрите за надворешни работи на Литванија Габриелиус Ландсбергис, на Летонија Едгарс Ринкевичс и на Естонија Ева-Марија Лимец денеска пристигнаа во Киев.
Информацијата на Твитер ја соопшти шефот на литванската дипломатија.
– Во посета на Киев со колегите од Летонија и Естонија. Овој пат зборуваме и за обнова, реставрација и кандидатски статус на Украина за ЕУ. Расцветаниот Киев потсетува дека земјата е подготвена за светла иднина, напиша тој и објави заедничка фотографија со колегите.
Министрите за внатрешни работи на Украина, Естонија, Летонија, Литванија и Полска вчера го посетија киевското предградие Хостомел и потпишаа заедничка декларација за соработка и помош за Украина за надминување на последиците од руската воена агресија.
Иазвор: МИА