Митева: Владата создава нов долг во висина од 900 милиони евра за нов бизнис на ДУИ

Од:

Власта повторно подготвува ново задолжување, но сака да ја сокрие вистинската намена за зaдолжувањето во висина од 900 милиони евра. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони евра за буџетска поддршка, суштината е нешто друго. Додека кажуваат дека тоа се 900 милиони за ликвидноста на буџетот, суштината е нешто друго. Таа приказна тешко поминува, наидува на критика во јавноста, па потоа кажаа дека се потрошени државните резерви во четвртиот квартал од минатата година. Велат, биле потрошени нешто повеќе од 12% од вкупниот волумен на државни резерви па требало тие да се покријат рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

– Повторно главен играч тука е ДУИ, а СДСМ е само набљудувач на тој процес. Овие 900 милиони всушност се наменети за проект кој што долго го најавува ДУИ. Дали тоа се пари кои се наменети за тој проект, а како подготовка на проектот, изминативе денови е направена и промена на сопственичката структура на една стара градежна македонска компанија чија сопственост сега во дел е на лице кое што е блиско до ДУИ. Повторно за криминал, на ист начин, но сега во различна форма. Тоа е суштината и тоа треба да го знаат сите граѓани. За реализација на еден бизнис Македонија ќе има 900 милиони евра нов долг. Притоа, Македонија ќе нема ниту еден проект додека Ковачевски и СДСМ ја фрлаат државата во должничко ропство вели Митева.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски