Партијата Републиката во движење, на францускиот претседател Емануел Макрон, формираше коалиција со уште две центристички партии за јунските парламентарни избори, изјави денеска членот на партијата на Макрон и претседател на францускиот Парламент, Ришар Феран.
Тој изјави дека Републиката во движење ќе го координира изборот на кандидати кои ќе ги претставуваат на претстојните избори со центристичките политички опции – партијата Модем, која веќе го поддржа Макрон на изборите во 2017 година, и новата партија Хоризонти, основана од поранешниот премиер Едуард Филип, пренесуваат британските медиуми.
Од партијата наведуваат дека до договор се доаѓа само неколку дена откако левичарските и зелените партии формираа сојуз пред гласањето во парламентот на 12 и 19 јуни, со надеж дека ќе ја спречат партијата на Макрон да освои мнозинство во францускиот Парламент по неговиот реизбор за претседател, на крајот на април.
Извор: МИА