Моравјецки: Собрани 6,5 милијарди долари за Украина

Од:

На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Собирот се одржа на Националниот стадион во Варшава, а домаќини беа полскиот премиер Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Минатиот месец, Меѓународната донаторска конференција во Варшава ја заврши глобалната кампања „Стани за Украина“, во која се собраа 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарда евра за раселените лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он