Новинар на Киев Индепендент: Уништен најсилниот и најмодерниот тенк на Русија

Од:

Руската инвазија на Украина не одеше баш според планот, а тоа се однесува и на загубите на руската воена опрема. Меѓу највпечатливите загуби беше потонувањето на „Москва“, командниот брод на Црноморската флота.

Најновата непријатност за која се шпекулира на социјалните мрежи е информацијата дека украинските сили на бојното поле уништиле модерен и редок руски тежок тенк Т-90М Прорјив-3 (Пробој-3).

Како доказ на Твитер се појави фотографија која наводно е направена на 4 мај и на која се гледа уништениот руски тенк Т-90М. Фотографијата ја објави новинарот на The Kyiv Independent, Илија Пономаренко, а на фотографијата во преден план е репортерот Андриј Капљенко.

Според специјализираниот воен портал The War Zone, тенкот Т-90М е технолошки најнапредниот и најспособниот тенк во рускиот воен арсенал на бојното поле.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници