Линде: Шведска ќе добие своевидни безбедносни гаранции од САД доколку аплицира за членство во НАТО

Од:

Шведска доби уверување од САД дека ќе и обезбеди поддршка во периодот на разгледување на евентуалното барање за членство во НАТО, изјави шведската министерка за надворешни работи Ен Линде по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Вашингтон.

Во изјава за шведската телевизија таа одби да каже какви гаранции добила од Блинкен, но додаде дека тие значат оти на Русија ќе и биде јасно дека САД нема да дозволат никакви негативни активности кон Шведска.

– Сепак, ова не се конкретни безбедносни гаранции кои можете да ги добиете само ако сте полноправна членка на НАТО, рече Линде.

Шведска и соседна Финска не се приклучија на НАТО за време на Студената војна, но по руската анексија на Крим и почетокот на војната во Украина, тие ја преиспитуваат својата безбедносна политика, која вклучува размислување за членство во Алијансата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски