Промени во 19 општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ постојано се надоградува и засилува. Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат. ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини, дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ кои се секогаш со народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети: Македонски Брод – Бисера Златеска, Куманово – Бобан Николовски, Зелениково- Дејан Димишковски, Свети Николе – Илија Стоилев, Штип- Душко Иванов, Чашка- Трајче Мишковски, Пробиштип- Оливер Митев, Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов, Валандово- Јулија Тушевска, Пехчево- Николчо Спасовски, Карбинци- Гордана Брбашка, Градско- Александар Георгиевски, Гевгелија- Димитар Вегов, Дојран- Илија Тентов, Демир Капија- Наталија Димитриева, Новаци- Илче Трајковски, Росоман- Ѓорги Крстевски, Крушево- Александра Мијајлевска Стефановска, Долнени- Сашко Велјановски.

„Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја угушува државата. Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела