СЗО: Случаите со Ковид-19 се во пораст во Африка и Америка

Од:

Бројот на заразени со коронавирус во Африка и во САД се зголемува поради ширењето на подвидот на сојот Омикрон на Ковид-19, изјави Тедрос Аданом Гебрејесус на денешниот брифинг.

Во светот, извештаите за смртни случаи продолжуваат да се намалуваат, рече тој, додавајќи дека бројот на заразени за една недела во моментов е „најмал“.

„Но, овој тренд, иако е восхитувачки, не ја покажува целосната слика. Сведоци сме на зголемување на бројот на заразени во Америка и Африка предизвикани од подвидови на Омикрон, предупреди генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Според епидемиолошкиот билтен на СЗО од 4 мај, во неделата од 25 април до 1 мај, во светот се регистрирани 3.893.033 случаи на инфекција со коронавирус и 15.695 смртни случаи. Морбидитетот во светот минатата недела е намален за 17 отсто, а смртноста за три отсто во однос на претходните седум дена. Процентот на зарази е зголемен во Африка (31отсто) и Северна и Јужна Америка (13отсто), додека во останатите четири региони има пад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата