Изгубен e контактот со украинските борци во челичарница во Мариупол

Од:

Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко изјави дека се водат тешки борби во челичарницата Азовстал, „каде што украинските сили го бранат својот последен џеб на контрола во градот“.

Бојченко за украинската телевизија информира дека е изгубен контактот со борците внатре во Азовстал.

Околу 100 цивили беа евакуирани од челичарницата во последниве денови, но се смета дека стотици цивили, меѓу кои и повеќе од 30 деца, сè уште се внатре.

Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за Би-Би-Си дека Русите „почнале бура“ во челичарницата.

Кремљ, пак, негираше дека Русија го напаѓа индустрискиот комплекс.

„Нема бура“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека има „ескалации“ кога Украинците заземаат напаѓачки позиции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Четири деца се повредени во руски воздушен напад врз Харков

Украина ќе може да повикува затвореници во војска

Горан Наумовски

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници