Отворен камп со украински бегалци кај Мексико Сити

Од:

Стотици украински бегалци отворија камп кај Мексико Сити и чекаат дозвола од владата на САД за влез во земјата, јавија американските медиуми.

Во кампот во големи шатори поставен во правливо поле недалеку од мексиканската престолнина се наоѓаат околу 500 луѓе. Кампот е отворен пред една недела и таму секојдневно доаѓаат од 50 до 100 лица.

Некои веќе дошле до пограничната зона кај Тихуана, каде им кажале дека повеќе нема да примаат бегалци. Многумина пристигаат со летови од аеродромите во Мексико Сити или Канкун.

Владата на САД кон крајот на март вети дека ќе прифати 100 илјади украински бегалци.

Стотици Украинци доаѓаат од Европа во Мексико секојдневно како туристи, и преку аеродромите во Мексико Сити или Канкун и заминуваат во Тихуана, каде неколку денови чекаат да добијат хуманитарна дозвола за влез во САД на граничниот премин Сан Диего.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски