Кремљ негира дека руската армија ја напаѓа фабриката за челик Азовстал во Мариупол

Од:

Кремљ денеска негираше дека руските сили извршиле напад врз фабриката за челик Азовстал, последното упориште на украинските сили во пристаништето Мариупол, во југоисточна Украина.

– Наредбата беше јавно издадена (21 април) од главниот командант (Владимир Путин) да се откаже каков било напад. Во моментов нема напади, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Тој рече дека руските сили кои го опколиле комплексот на челичарницата интервенираат само за „многу брзо да ги спречат обидите“ на украинските борци да стигнат до борбени позиции од кои можат да пукаат, пренесува Бета.

Украинските сили вчера објавија дека руските сили „спроведуваат силен напад“ врз комплексот Азовстал, со тенкови и пешадија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници