Европски парламент: Солидарноста во ЕУ е клучна за помош на Украина и ставање крај на војната

Од:

Во дебатата со Француската делегирана министерка за интеграција Брижит Клинкерт и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, европратениците рекоа дека внатрешното единство и солидарност на ЕУ се клучни сега и за идната реконструкција на Украина, јави дописникот на МИА..

Европратениците изутринава дебатираа за социјалните и економските последици за ЕУ од руската војна во Украина. Тие го поздравија шестиот пакет санкции против Русија и пакетот за закрепнување на Украина, двата образложени од претседателката на Комисијата фон дер Лајен. Европратениците ја истакнаа потребата да се поддржат и граѓаните на ЕУ и претпријатијата погодени од војната, повикувајќи на единство меѓу земјите-членки. Тие, исто така, побараа поддршка за земјите кои се соочуваат со најголемите последици од војната, без разлика дали како последица на нивната зависност од рускиот гас и нафта, или поради нивното прифаќање на голем број украински бегалци.

Повеќето европратеници ја истакнаа потребата да се победи Путин, но исто така нагласија дека најдобар начин да се направи тоа е да се минимизираат трошоците со кои се соочува самата ЕУ. Ова ќе овозможи да се задржи единството меѓу земјите-членки, да се ублажат ефектите врз домаќинствата и претпријатијата и да и се овозможи на ЕУ подобро да и помогне на повоената реконструкција на Украина.

Европратениците ја нагласија маката на оние во ЕУ кои мораат да изберат помеѓу купување храна или загревање на нивните домови и исто така побараа од Комисијата да размисли од случај до случај дали да продолжи со ново законодавство што би можело да додаде дополнителни оптоварувања на веќе претпријатијата во тешкотии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Украина: Западните мировници би можеле да патролираат по воздушен и морски пат

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови