(ВИДЕО) Унковски: Македонија е под окупација на „бурек-барок национализам“

Од:

Национализмот не се храни, туку тој храни одредени слоеви во општеството и им дава замена за нешто што им е очајнички потребно, им дава замена во нешто што е мит, недостижна историја, мит за големина, мит за славни времиња, мит за нешто што е далеку, па затоа не е сосема јасно, меѓутоа е заводливо и практично ги држи под хипноза, вели режисерот Слободан Унковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Тој сон за големина, значи ние не сме Македонче, туку сега сме Македончиште, некое огромно античко Македончиште коешто е многу силно, многу моќно и сега ќе биде што ќе биде, сеедно што животот на тие што се хранат со таа теорија, со тие ставови е на некој начин сиромашен и несреќен, би рекол.

– Национализмот секогаш ги наоѓа тие очајнички слоеви, ги храни, ги дига и се држи на нив и сурфа на тој талас на национализмот и нема никогаш да се повлече, значи не е реално да се очекува дека кога било оваа влада ќе рече дека нешто згрешила или дека нешто погрешно направила, значи оние што така мислат грешат, затоа што оваа влада нема намера да се повлече, таа уште ќе додава споменици, уште ќе додава фонтани, до крајно исцрпување на сите ресурси, до крајно исцрпување на сите кредити, до крајно пренатрупување на сите простори без вкус, без смисла, без логика, затоа што нема кај да оди и како оди понатаму ќе станува сè поопасна, бидејќи нема враќање“, вели Унковски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски