Блиц: Македонски државјанин се поли со бензин и се запали на Нов Белград

Од:

Нешто пред 13 часот маж се запали откако инвеститори дојдоа да му ја урнат неговата барака во Нов Белград, спроти трговскиот центар Делта сити, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што дознава Блиц, човекот кој се полил со бензин и се запалил е З.Н., државјанин на Северна Македонија.

Како што пишува овој весник, постара жена, мајка на несреќниот маж, лежи на земја, удирајќи се со камен во ногата и стенка, кажувајќи – „Погледнете што направија.“

Според 24седам, работниците го изгаснале запалениот маж со противпожарен апарат, а потоа продолжиле со демолирање на бараката. Несреќниот човек дошол сам во блиската продавница и молел за помош, а работниците рекле дека глетката била ужасна.

Како што изјавија за 24седам, мажот со ужасни изгореници со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар.

Како што соопшти МВР брзата помош во болница пренела маж кој денеска се здобил со повреди во Нов Белград, за кои се претпоставува дека се здобиени со самозапалување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Белград: Двајца пожарникари се повредени, шеесетина продавници се во пламен

Горан Наумовски

Зголемениот број Руси со српско државјанство претставува безбедносен ризик за ЕУ, предупредува Европската комисија

Катерина Ѓуровски

Захарова: Србија е вовлечена во конфронтација со Русија

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени

Српски војник загина во Либан