Кривична пријава за скопјанец кој тргувал со отпад

Од:

Скопјанец доби кривична пријава бидејќи бил затекнат како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.Б.(31) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик.

На 14.02.2022 на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини, при што го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да поседува „дозвола за вршење на дејност – складирање и третман на отпад’“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

Пожар на депонијата „Краста“

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен