Во Мали денеска се одржува втор круг од претседателските избори на кои право на глас имаат 6,9 милиони гласачи.
Тие ќе избираат меѓу поранешниот премиер Ибрахим Бубакар Кејта (68) и поранешниот министер за финансии Сумајла Сиссе (63).
Во првиот круг од изборите Кејта доби 39,79 отсто од гласовите додека Сисе доби 19,70 отсто. Кејта има поддршка од 22-ца од 25 елеминирани кандидати во првиот круг од изборите.
Гласањето се смета за обид за излез на државата од политичкиот хаос кој трае веќе 18 месеци.