Светската криза е предизвик кој бара сериозност и државничко однесување. Наша одговорност како партија која ја предводи државата е да го одржуваме производството на храна стабилно и одржливо.Националниот план за производство на храна се спроведува со засилено темпо. Аплицирањето е за финансиска поддршка за набавка за вештачки ѓубрива за засеани површини со пченица, пченка, јачмен и сончоглед е веќе започнато рече на прес конференција, Гоце Георгиевски, претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ
– Покрај петте јавни повици за финансиска поддршка кои се објавија изминатиот период, објавен е уште еден јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за кофинансирање на инвестиции во подигнати нови лозови и овошни насади како и повеќегодишни ароматични растенија. Периодот кој е опфатен со поддршката е од 01 април 2021 година до 31 март 2022 година. Прифатливи се трошоците за набавка на новите насади, градежни материјали и елементи за потпорна конструкција, како и услуги од трети лица за припрема на земјоделското земјиште и извршување на градежните работи. Максималната поддршка по корисник изнесува 6 милиони денари, а кофинансирањето е до 75% од инвестицијата вели Георгиевски.
Ви благодарам.