Епидемија на хепатитис во загрепските средни училишта

Од:

Во Загреб веќе два месеца владее епидемија на хепатитис А или заразна жолтица, а најголем број заболени се средношколци, објави Јутарњи лист.

„Од почетокот на март забележавме 57 случаи на заболени од хепатитис А, најмногу кај средношколци. Идентификуван е вирусот на хепатитис А, што се пренесува по феко-орален пат, односно со внесување на загадена вода или храна во столицата на заразено лице или во раце контаминирани со столицата на заразено лице“, изјави Бранко Колариќ. директор на Институтот Д-р. Андрија Штампар во Загреб.

Болеста е регистрирана кај ученици од три училишта, но и нивните домашни контакти.

„Но, епидемијата е целосно под контрола, а околу 45 пациенти веќе се опоравија. Можно е на крајот бројот на заболени да биде поголем, бидејќи периодот на инкубација за хепатитис А е еден месец, во некои случаи и два месеци“, рече Колариќ.

Училиштата добија инструкции кои им ги пренесоа на родителите и на децата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Пожар во стан во Загреб, пронајдено e изгорено тело под туш

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во Загреб