Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја обвини Украина дека ги саботира преговорите со Русија.
Во интервју за италијанската ТВ компанија „Медиасет“, Лавров рече дека е „целосно рамнодушен кон она што Володимир Зеленски го негира или не го негира“.
Тој додаде дека на украинскиот претседател „не може да му се верува“ и дека „ја менува позицијата неколку пати во еден ден“, пренесува РИА Новости.
„Го слушнав како вели дека за време на преговорите нема ни да разговараме за демилитаризација и денацификација. Тие ги саботираат преговорите, како и договорите од Минск веќе осум години“, рече Лавров.