Конашенков: Во Украина погодени 389 цели и убиени 120 националисти

Од:

Руската артилерија синоќа погоди уште 389 цели во Украина, вклучително и 15 магацини со ракетно и артилериско оружје и муниција, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој додаде дека руската авијација во текот на ноќта уништила повеќе од 120 националисти, четири тенкови и шест оклопни возила во Украина.

Според Конашенков, уништени се 18 беспилотни летала, меѓу кои и три летала Бајрактар ТБ-2, како и два ракетни фрлачи Смерч.

Претходно, украинската армија објави снимка од бомбардирање на руските позиции во близина на Изјум, источна Украина, при што се 30 непријателски цели, од кои половината биле тенкови. Снимката е објавена утрово, но се уште не е потврдена нејзината автентичност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници