САД не гледаат закана дека Русија ќе употреби нуклеарно оружје и покрај реториката, тврди официјален претставник од одбраната

Од:

САД не веруваат дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје, и покрај неодамнешното заострување на реториката на Москва, изјави денеска неименуван висок претставник на американската одбрана.

„Продолжуваме да ги следиме нивните нуклеарни капацитети секој ден и нашите проценки се дека нема закана од употреба на нуклеарно оружје или закана за територијата на НАТО“, додаде функционерот во изјава за американски медиуми.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во понеделникот дека Западот не треба да го потценува зголемениот ризик од нуклеарен конфликт во Украина.

Русија претходно овој месец соопшти дека планира да ги распореди своите новопробани интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади врз САД до есен.

Западната загриженост за ризикот од нуклеарна војна се зголеми откако претседателот Владимир Путин ја почна руската инвазија на Украина на 24 февруари со говор во кој остро се осврна на нуклеарните сили на Москва и предупреди дека секој обид да се запре на патот на Русија „ќе ве доведе до такво последици кои никогаш не сте ги сретнале во вашата историја“, јавија западни медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Денес е ден на ослободувањето во Америка

Горан Наумовски

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности