Саемот на книга започнува на 3. мај

Од:

34 издание на Саемот на книга се враќа во редовниот, пролетен термин на одржување, од 3. до 9 мај, во Арена Борис Трајковски, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

За време на саемските денови, сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година, ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти.

Покрај враќањето на Саемот на книга во редовниот термин на одржување, се очекува да се вратат и групните посети за учениците од средните и основните училишта на државата. Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. За време на Саемот ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца.

По повод 5ти Мај, Ден на македонскиот јазик на Саемот на книга 2022 ќе се одржи промотивен настан насловен како “Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” со почеток во 19.00 часот во Промотивниот центар во Арена Борис Трајковски. Настанот е во организација на „Арс Ламина“ – Скопје.

На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност: Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев итн.

Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори.

Ќе бидат доделени и наградите на МАИ (Македонска Асоцијација на издавачи).

На 34. издание на Саем на книгата 2022 ќе се претстават повеќе од 60 издавачки куќи од Македонија, како и од Турција, Србија, Косово, Албанија.

Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар “Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја.

Електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата www.karti.com.mk кои се достапни веќе од (вторник) 26. април, а за време на Саемот билети ќе можат да се купат и на билетарата на Арена Борис Трајковски.

Најголемиот настан за читателите во земјава  – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3. до 9. мај во Арена “Борис Трајковски” со работно време секој ден од 10 часот до 20 часот.

Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети на ученици изнесува 40 денари.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Турција учесник на претстојниот Саем на книга

„Студентски саем на книгата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Ана Ололовска