„Студентски саем на книгата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“.

На саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени.

По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори. Доколку купите две книги, НУБ „Св. Климент Охридски“, како организатор, ќе ви подари уште една книга по ваш избор.

За време на Саемот, Библиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени.

Саемот се организира со почитување на мерките предвидени со протоколите за организирање на настани од културата.

Би можело да ве интересира

Студентски саем на книгата од 13 до 15 октомври во НУБ-Скопје

Ана Ололовска

Студентски саем на книгата од 13 од 15 октомври во НУБ „Св. Климент Охридски“

А1он

Околу 15 илјади посетители на годинешниот Саем на книга

Ана Ололовска

ЗИКМ ги додели наградите на годинашниот Саем на книга

А1он

МАИ ќе додели награди за достигнувањата во издаваштвото и книжевноста на Саемот на книга

Ана Ололовска

Почнува Саемот на книга 2021

Ана Ололовска