САД нудат награда од 10 милиони долари за информации за руските хакери од ГРУ

Од:

Американскиот Стејт департмент објави награда од 10 милиони долари за информации за шесте руски хакери, припадници на руското воено разузнавање (ГРУ), кои „ја таргетирале критичната американска инфраструктура преку кибер операции“.

Офицерите на ГРУ, Јуриј Сергеевич Андриенко, Сергеј Владимирович Детистов, Павел Валериевич Фролов, Анатолиј Сергеевич Ковалев, Артем Валериевич Очимченко, Артем Петр Николаевич Плискин се членови на група која извршила кибер напад на 27 јуни 2017 година.

Тие се осомничените за кибернапад извршен на врз болниците и другите медицински институции во Западна Пенсилванија, потоа врз голем фармацевтски производител и врз други правни лица во приватниот сектор во САД. Загубите од кибернападот се проценуваат на речиси една милијарда долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради