Марио Драги на средба со Бајден во Вашингтон на 10 мај

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги на 10 мај ќе отпатува за Вашингтон на средба со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти прес-службата на италијанскиот премиер.

„Разговорите ќе се фокусираат на координирање на поддршката на сојузниците за Украина и спротивставување на неоправданата руска агресија“, се вели во соопштението.

Двајцата лиери ќе разговараат и за билатералната соработка, глобалните прашања како што се климатските промени, гарантирањето на трансатлантската безбедност и соработката во подготовките за состаноците на Г-7 и НАТО.

Тестот на Драги за коронавирус, со кој се зарази пред повеќе oд 10 дена, беше негативен и тој денеска излезе од изолација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата