Volkswagen ID.4 и Porsche Taycan се победници – Доделени наградите Златно Тркало 2022

Од:

Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.

Porsche Taycan Cross Turismo беше номиниран во својата категорија и по еден месец онлајн гласање ја освои наградата со најголем процент (43,45%) од гласовите од сите други категории.

На гала вечер организирана од специјализираните автомобилски новинари од редакциите на Аvto Plus, CarClub, CarsbyVik и RPM, наградата „Златно Тркало“ ja прими Бренд Менаџерот на Porsche – г-дин Винко Марашевиќ кој во своето обраќање до публиката истакна: „Доказите се јасни, иднината е електрична. Иднината е исто така премиум. Иднината е брза и изгледа прекрасно.“

Електричниот компактен кросовер Volkswagen ID.4 ја доби наградата за Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија.

Првиот електричен SUV на Volkswagen покажува дека и меѓу македонските купувачи има навистина голем интерес за електричните возила, особено кога станува збор за SUV. „Електрификацијата зема замав, а публиката ги препознаваат квалитетите на ID.4, кој ги обединува напредните технологии и предностите на возење електрично возило, со трендовската форма на SUV.“ – изјави г-дин Александар Цветковски, Бренд Менаџер за Volkswagen во Македонија.

Главната награда ЗЛАТНО ТРКАЛО за Најпосакуван Автомобил во Македонија оди кај Volkswagen ID.4

Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen се закити со титулата за „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ со освоени 38.35% од гласовите.
Претставувајќи ја компанијата Порше Македонија, Генералниот Директор г-дин Златко Муцунски ја прими главната награда „Златно Тркало“ истакнувајќи: „Комбинацијата од електричен SUV, врвни електрични перформанси и моќта на брендот Volkswagen покажуваат дека и кај нашите купувачи има вистински интерес за електрични возила кои ја докажуваат својата сестраност во вистинска форма која е многу привлечна. Се надеваме дека трендот ќе продолжи и во иднина.“

Наградата „Златно Тркало“ е нов уникатен начин да се добие пулсот на луѓето. Основана од жирито на најуспешните онлајн медиуми во државата, наградата Златно Тркало е нов пристап за откривање на најпосакуваните возила во земјата.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Врвни перформанси, максимално доживување: Porsche Road Tour 2022

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

Porsche Road Tour 2021: Возачка авантура со сите модели на Porsche низ Македонија

А1он

Во салонот на Порше Скопје пристигна првиот целосно електричен SUV на Volkswagen, новиот ID.4

Светска премиера на Cross Turismo: Практичната верзија на Porsche Taycan

Жарко Настоски

Се продава сребреното „Порше“ на Марадона

Жарко Настоски