Потпретседателката Камала Харис се тестираше позитивно на Ковид-19, соопштија денеска од Белата куќа.
Харис нема симптоми од вирусот и ќе остане во домашна изолација.
-Таа не беше во близок контакт со претседателот или со Првата дама поради нивните скорешни распореди со патувања, изјавија од Белата куќа.
Се соопштува дека Харис го следи препораките на ЦДЦ и на нејзините лекари и дека ќе се врати во Белата куќа откако тестот ќе покаже негативно.
Дијагнозата доаѓа неколку недели откако сопругот на Харис, Вториот господин на САД, Даг Емхоф, се тестираше позитивно.
Претходно, по традиционална свечена вечера на кој се сретнаа повеќе демократски лидери, позитивно се тестираше и генералниот обвинител Мерик Гарланд, како и лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Адам Шиф. На вечерата присуствал и секретарот за комуникација на Харис.
Извор: МИА