Гутереш: Потребна е независна истрага за кршење на меѓународното право во Украина

Од:

Сите извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право, како и за потенцијални воени злосторства во Украина, бараат спроведување независна истрага, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Загрижен сум поради постојаните извештаи за кршење на меѓународното хуманитарно право и потенцијални воени злосторства. Тие бараат независна истрага, рече тој.

ОН се подготвени да користат ресурси за евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и фабриката Азовстал, нагласи тој.

Гутереш изрази жалење што ОН не станаа дел од нормандискиот формат за да можат да го следат почитувањето на договорите од Минск за решавање на конфликтот во Украина.

– Секретаријатот на ОН целосно ги почитува и спроведува сите резолуции на Советот за безбедност на ОН. Ако денес жалам за нешто, тоа е што на ОН не им беше дозволено да станат дел од нормандискиот формат за да го следат спроведувањето на договорите од Минск, рече генералниот секретар кој е во посета на Москва.

Според него, евакуацијата на цивилите и доставувањето помош преку хуманитарните коридори во Украина мора да бидат обезбедени од сите страни. Овие коридори мора да бидат безбедни и ефективни и сите да ги почитуваат, нагласи Гутереш.

Тој рече дека ОН се подготвени да користат ресурси за евакуација на цивили од Мариупол, вклучително и фабриката Азовстал.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Сирски: Сојузниците се решени да ја поддржат долгорочната безбедност на Украина и Европа

Во Украина е прогласен Ден на жалост поради ракетниот напад на Кривји Рих

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата