Претседателката на Молдавија Маја Санду за денеска свика седница на Врховниот совет за безбедност на земјата поради инцидентите во самопрогласениот регион Придњестровје, соопшти нејзиниот кабинет.
Врховниот совет за безбедност ќе заседава во Претседателството од 13 часот. По состанокот, во 15 часот, Санду ќе одржи прес-конференција, се вели во соопштението.
Министерството за внатрешни работи на самопрогласеното Придњестровје, во источниот дел на Молдавија, денеска соопшти дека имало две експлозии во селото Мајак, во областа Григориопол.
Експлозиите ги онеспособиле двете најсилни антени на радио центарот кој емитува руска радио програма, пренесува РИА Новости.
Во експлозиите нема повредени.
Извор: МИА