Лавров: Ризикот од нуклеарна војна е сериозен и реален

Од:

Русија се обидува да ја елиминира заканата од нуклеарна војна, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

Русија настојува да ја елиминира заканата од нуклеарна војна и покрај големите ризици во моментов, изјави Лавров синоќа за руската државна телевизија.

„Не сакам тие ризици вештачки да се зголемуваат. Многумина би го сакале тоа“, додаде тој.

Во контекст на тензиите меѓу Русија и Западот поради руската офанзива врз Украина, Лавров предупреди на реалната опасност од Трета светска војна.

„Опасноста е сериозна, реална. И не смееме да ја потцениме“, изјави шефот на руската дипломатија, пренесува Интерфакс.

Москва ќе ги продолжи мировните преговори со Киев и конфликтот ќе заврши со договор, но неговата содржина ќе зависи од воената ситуација.

Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски, поранешен актер, дека се преправа дека преговара.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пожар во руска фабрика за воена опрема

Катерина Ѓуровски