ВИДЕО: Голем пожар на важен руски гасовод

Од:

Голем пожар избувна во складиште за нафта во рускиот град Брјанск, пренесоа руските агенции, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.

„Во 02:00 часот на 25 април 2022 година, оперативната дежурна смена на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации на Русија за регионот Брјанск доби информација за пожар на адреса: Брјанск, во округот Фокински. На местото на повикот се испратени противпожарни и спасувачки екипи согласно зголемениот ранг (број) на пожарот. По пристигнувањето било констатирано дека има пожар на територијата на складиштето за нафта“, се вели во објавата на веб-страницата на Министерството.

Во објавата се додава дека ќе следат дополнителни информации.

Засега нема индикации дека пожарот е поврзан со војната во Украина. Станува збор за исклучително важен нафтовод што ја транспортира руската нафта во Европа.

Брјанск е град кој се наоѓа на околу 150 километри североисточно од украинската граница. Од Москва е оддалечен 380 километри.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он