Брод со мигранти потона крај брегот на Либан, 48 лица се спасени

Од:

Либанската армија спаси 48 лица во текот на викендот, откако бродот со кој се обидувале да побегнат од земјата, потона во близина на брегот на Триполи, јави либанската државна новинска агенција NNA, пренесува Хина.

Бродот превезувал 60 луѓе, а потонал вчера поради големи бранови и преоптоварување, пишува агенцијата повикувајќи се на информациите на армијата. Во тек е акција за спасување на преостанатите патници, кои во моментов се водат како исчезнати.

Спасувачите денеска пронајдоа осум тела, јави либанската телевизија Ал Џадед, повикувајќи се на изјава на министерот за јавни работи и транспорт Али Хамиех. Доцна синоќа тело на девојка било извлечено од морето, јавува ННА. Војската соопшти дека либански државјанин е приведен под сомнение за вмешаност во криумчарење мигранти.

Бродот превезувал либански и странски мигранти кои сакале да стигнат до бреговите на европските земји. Либанскиот претседател Мишел Аун наложи истрага.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

ВИДЕО: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, погодени два града во јужен Либан

Катерина Ѓуровски

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан