Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изрази екстремна загриженост поради апсењето на неколку украински членови на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во источна Украина.
ОБСЕ соопшти дека „ги користи сите достапни канали за да овозможи нивно ослободување“, пренесува Н1.
Неколку набљудувачи на ОБСЕ се убиени и ранети од почетокот на конфликтот во источна Украина пред осум години.
Русија неодамна стави вето на продолжувањето на мисијата.
Извор: МИА