Меркел: Германија никогаш нема да биде неутрална кон Израел

Од:

Германија никогаш нема да биде неутрална кога станува збор за Израел, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел.

– Грозоморните злосторства, кои Германија ги стори врз Евреите, предавството на цивилизираните вредности, како и холокаустот секогаш ќе бидат присутни и можеме да обликуваме иднина, чиј резултат ќе бидат специјалните односи меѓу Германија и Израел, рече Меркел во интервју, објавено во „Еврејски глас“ во Германија.

– Тоа значи дека ние никогаш нема да бидеме неутрални и дека Израел ќе биде сигурен во поддршката, кога станува збор за осигурување на безбедноста.

Затоа велам дека поддршката на Германија на израелската безбедност е дел од нашиот национален етос, нашиот раисон д етре, нагласи Меркел.

Би можело да ве интересира

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“

Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција

Горан Наумовски

Хорор во Дортмунд: Македонец ја избодел поранешната партнерка пред трите деца

Катерина Ѓуровски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг