Џонсон вели дека е „реална можноста“ Русија да победи во војната во Украина

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска призна дека постои „реална можност“ руските сили да победат во нивната инвазија на Украина, јави Скај Њуз.

На прашањето дали се согласува со проценките на британското разузнавање дека Русија би можела да победи во војната во Украина, тој пред новинарите во Њу Делхи изјави: Тажното е што ова е реална можност.

– Путин има огромна војска, но, тој има многу тешка политичка позиција бидејќи направи катастрофална грешка. Единствената опција што сега ја има е да продолжи да се обидува да го користи својот ужасен пристап за „мелење“, предводен од артилерија, за да се обиде да ги сотре Украинците. Џонсон уште истакна дека верува во проценките на британското разузнавање дека војната би можела да трае до крајот на 2023 година.

– Тој е многу блиску до обезбедување копнен мост во Мариупол сега. Се плашам дека ситуацијата е непредвидлива во оваа фаза. Мораме да бидеме реални за тоа, посочи Џонсон.

Говорејќи за време на прес-конференцијата во Њу Делхи, Џонсон истакна дека Украинците покажале „неверојатен хероизам“ во војната и „без разлика каква воена супериорност“ има Путин, тој нема да може „да го победи духот“ на украинскиот народ.

Џонсон, исто така, рече дека Велика Британија ќе испрати повеќе артилерија до украинските сили и потврди дека британската амбасада ќе биде повторно отворена во главниот град на Украина следниот месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина