Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Латвија, Егилс Левиц кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Левиц, се одржа пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Латвија, по што двајцата претседатели одржаа заедничка прес-конференција.
– Ви благодарам што Латвија е една од земјите членки на Унијата што одамна ја препозна нашата подготвеност, посветеност, па и пожртвуваност за остварување на стратешката цел – членството во ЕУ. Вие и латвиското политичко раководство апсолутно разбирате дека мирот и безбедноста во Европа се во директна корелација, помеѓу останатото, и со одлуките на Унијата за нејзиното проширување рече Пендаровски на прес конференцијата по средбата.