Сноуден има право да патува и да работи во Русија

Од:

Пребеганиот поранешен соработник на американската разузнавачка агенција ЦИА, Едвард Сноуден, во правна смисла е слободен да патува ширум Русија и да се занимабава со која било работа, освен државна служба, рече денеска Олег Молодијевски, висок руски функционер за миграции.

Русија минатата недела на Сноуден му одобри привремен азил на една година, и покрај протестот на американската влада.

– Во согласност со законот тој има право на слободно движење по територијата на Русија и има право на работа, освен, секако, во државна служба, рече Молодијевски, директор на федералната служба за миграции на московскиот регион, која на Сноуден му го издаде документот за привремен азил.

Молодијевски, исто така, наведе дека Сноуден е слободен да оди во кој било руски регион, иако мора претходно да ја информира агенцијата за својата намера. Тој не наведе каде Сноуден во моментов живее.

Директорот на миграциската служба во Москва, Олга Кирилова, изјави дека нејзината канцеларија нема сознанија за тоа каде Сноуден денеска се наоѓа.

– Немам таква информација. Тој не е во Москва, рече Кирилова.

Сноуден го напушти московскиот аеродром на 1 август, а неговиот адвокат Анатолиј Кучерена, кој и дава правни услуги на руската служба за безбедност-ФСБ, изјави дека американскиот бегалец сега престојува кај свои пријатели.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска