Моравјецки: Украинските војници се борат за безбедноста на Европа

Од:

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полска не може да ги остави на цедило своите соседи и ги повика другите нации „да го поддржат борбениот дух на Украина“.

Моравјецки кажа дека украинските трупи се борат за безбедноста на Европа.

-Треба да ја поддржиме оваа борбеност, преку грижата за најслабите, кажа тој. „Денеска видовме жени и деца, бидејќи мажите се борат на фронтот за слободна Украина и за нашата безбедност“, додаде полскиот премиер.

Моравјецки изјавата ја даде во Лавов, градот во западна Украина што вчера беше ракетиран, на отворањето на новиот објект за привремено сместување на раселените лица.

Полската Влада соопшти дека во партнерство со Украина, во привремените контејнерски градови во Лавов, како што е овој денешниот, ќе бидат сместени до 5.000 Украинци, раселени од другите делови на земјата.

Извор: МИA

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он