Кривична пријава против тројца полицајци од Струмица

Од:

Тројца полицајци од Струмица добија кривични пријави поради малтретирање во вршење на службата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (19.04.2022) Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против полициските службеници Е.С., Р.Ш. и М.Р., сите од СВР Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавените, во својство на полициски службеници, на 06.03.2022 на ул.„Благој Јанков Мучето“ во Струмица, при вршење на службени дејствија употребиле физичка сила и застрашување врз К.Х. Против полициските службеници ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он