Концептот Мазда Дип Оринџ 3, развиен од група студенти од Универзитетот Клемсон и Арт Центар колеџот за дизајн, беше претставен во Мичиген.
Станува збор за хечбек дизајниран од Фредрик Наман. Концептот има 3+3 конфигурација на седишта и иновативен хибриден погон што автоматски бира преден, заден или погон на сите тркала, во зависнот од ситуацијата.
Мазда преку концептите Шинари и Такери изминатите години внесе свежина во современиот автомобилски дизајн.
Автомобилот се надоврзува на актуелниот КОДО стилски израз, што од концептите Шинери и Такери претстави три сериски модели ЦХ-5 и новите генерации на модели Мазда 6 и Мазда 3.
Дип Оринџ 3 е креација на студенти од Центарот за автомобилски истражувања при Универзитетот Клемсон, а дизајнот е потпишан од нивниот колега од Уметничкиот центар.
Колеџот за дизајн од Пасадина, Фредрик Нааман. Според директорот за дизајн на Мазда за Северна Америка, Дерек Јенкинс, концептот е замислен како вежба, преку која студентите нема да бидат фокусирани само на некои аспекти од развојот на автомобилот, туку на целото возило како целина.