Фронтекс: Голем раст на бројот на илегални обиди за влез во ЕУ во првиот квартал од годината

Од:

Бројот на мигранти кои илегално се обиделе да влезат во Европската унија во првите три месеци од оваа година се накачи на највисоко ниво од 2016 година, дури и кога тој број не ги вклучува бегалците кои доаѓаат од Украина, соопшти денеска Европската агенција за заштита на границите (Фронтекс).Фронтекс процени дека од јануари до март во 27 земји-членки на ЕУ се регистрирани над 40.300 обиди за илегални премини, што е за 57 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Повеќе од еден милион лица, од кои повеќето се од Сирија, но и многу од Ирак, во 2015 година влегоа во ЕУ, предизвикувајќи голема политичка криза во Европа поради несогласувањата за тоа кој треба да се грижи за нив.

Годинава речиси пет милиони лица избегаа од војната во Украина. Полска прими околу 2,5 милиони од нив, а Унгарија околу половина милион, соопшти агенцијата за бегалци на ОН.

Двете земји, инаку, во 2015 година одбија да примат бегалци од Сирија и Ирак.

Фронтекс соопшти дека во првиот квартал од оваа година бројот на обиди за илегален влез во Европа преку Западен Балкан се зголемил повеќе од двојно, со над 18.300 откриени премини, главно Сиријци и Авганистанци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ