ЕК го доби првиот дел од прашалникот на Украина за кандидатски статус

Од:

Европската Комисија потврди дека е примен првиот дел од прашалникот на Украина за добивање кандидатски статус во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Прашалникот што треба да го пополнат земјите аспиранти за членство во ЕУ е поделен на два. Првиот дел се однесува на економските и политичките критериуми, вториот дел се однесува на европското acquis, или законодавството на ЕУ.

Украина засега го поднесе првиот дел, а се очекува украинските власти да го поднесат и вториот во наредниот период.

Ова денеска го потврди Европската Комисија.

Откако ќе бидат разгледани двата дела од прашалникот Европската Комисија ќе објави мислење дали Украина може да добие официјален статус на кандидат за членство во ЕУ, рекоа денеска во Европската Комисија и ветија дека тоа ќе биде сторено најбргу што може.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина