Продолжен рокот за поднесување барања за средства од ИПАРД

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува заинтересираните субјекти за поднесување барања за користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 30 септември.

Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД 2007-2013, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиските средства се наменети за инвестиции на земјоделски стопанства за нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на Европската унија, како и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатства за корисниците на ИПАРД, може да се преземат од интернет страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или www.pa.gov.mk, како и лично, во приемницата на Агенцијата, и во нејзините најблиски регионални центри или работни единици, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување барања, како и практични совети за аплицирање.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година