ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на Македонците

Од:

„Ковачевски да побара отворање на македонски културни центри во Бугарија, како и заштита на Македонците. Ковачевски да излезе и да не се крие од граѓаните. Тој ја одмолче посетата на Петков и не побара од него реципроцитет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително Ковачевски не го потсети Петков дека доаѓањето во Битола е одлична можност тој да се извини за жртвите од бугарските фашисти во Македонија.

Ако Ковачевски не отстапува од македонските црвени линии, тој ќе го побара сето ова веднаш од Петков.

Ковачевски треба да ги штити македонските позиции, и да се придржува до Декларацијата изгласана во собранието“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ