Индепендент: И покрај санкциите, британски фирми со милионски договори со Русија

Од:

Стотици милиони фунти на британските даночни обврзници се во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува Индипендент.

Владата дури потпишала милионски договори со овие компании за време на веќе започнатата војна во Украина.

Велика Британија има тековни договори во вредност од околу 300 милиони фунти со 15 мултинационални компании што продолжуваат да работат со Русија, според анализата на Индипендент.

Од министрите било побарано да ги прекинат врските со овие компании и да ги раскинат договорите.

Повеќе од 600 компании се повлекле од Русија од почетокот на војната, но 214 го задржале своето економско присуство во земјата, покажа студијата на Универзитетот Јеил.

Џек Лоу, соработник на програмата „Русија и Евроазија“ во Чатм хаус, цититран од Индипендент, вели дека „овие компании ефикасно ги убиваат ефектите од санкциите и го поткопуваат обединетиот одговор на Западот на војната“.

Украинската пратеничка Лесија Василенко предупредува дека „овие 15 компании, што сè уште работат во Русија и добиваат британски пари, индиректно ја финансираат воената машина на Владимир Путин“.

Станува збор за компаниите, регистрирани во Велика Британија: Amgen, Bureau Veritas, Cipla, Cloudfare, EDF, Engie, Gideon Richter, HiPP, Legrand, Lenovo, Orano, Pilkington, Signify, ThyssenKrupp, Veolia.

Некои од овие компании дури потпишаа договори за време на војната. На пример, Министерството за одбрана на 23 март додели договор за британската филијала на францускиот снабдувач со гас и електрична енергија ЕДФ во вредност од околу осум милиони фунти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски